Уште една трагедија ја потресе Македонија.
Во петокот попладне, на 22 август 2025 година, околу 17:15 часот, беше пријавена несреќа што се случила на делницата во изградба помеѓу селата Д.Ѓоновица и Симница, кај Гостивар.
При извршување градежни активности за приватна фирма, животот го загуби 60-годишниот Д.П. од селото Врапчиште, општина Врапчиште.
Според првичните информации, лекар од приватна здравствена установа излегол на лице место и ја констатирал смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните околности и причините за трагичниот исход.
Овој несреќен настан повторно ја отвора темата за безбедноста на работниците на градилиштата во земјава и потребата од почитување на сите мерки за заштита при работа.
