Нови неофицијални информации за големата полициска акција во Македонија

Голема акција на Финансиската полиција во општина Липково, Куманово и Желино.

Екипи на Финансиската полиција вршат претреси на повеќе локации поврзани со даночно затајување и измама.

Според неофицијалните информации, акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група на фирми кои се занимаваат

со набавка и продажба на нафтени деривати и кои се сомничат за криминал вреден над седум милиони евра.

Акцијата била реализирана на осум различни локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде