Стефан (21) загина заедно со тројца негови пријатели кога го удри својот новокупен автомобил во клисура длабока 300 метри.
Неговиот пријател Костин беше единствениот преживеан, кој со часови лежеше заробен во урнатините со безживотните тела.
Несреќата се случи за време на викендот во планините Језер-Папуша (во јужните Карпати во Романија).
Двајца млади мажи и две жени ги загубија животите, а агонијата низ која помина Костин може да биде заплет на хорор филм.
Како единствен преживеан, тој помина десет часа во агонија, лежејќи покрај своите мртви пријатели, сè додека не беше пронајден и однесен со хеликоптер во болница.
Костин е единствениот кој може да објасни како се случила трагедијата. Се верува дека Стефан возел со голема брзина, по многу тесна патека. Пријателите тргнале кон својата дестинација додека сè уште било темно, надевајќи се дека ќе го видат изгрејсонцето.
Стефан возел теренско возило 4×4 што го купил три дена претходно. Тој тргнал со своите четири пријатели, двајца млади мажи и две жени, кон врвот на езерото Маре за да го гледаат изгрејсонцето од планината. Патот по кој се возеле, кој го користат само пешаци, бил тесен, и во еден момент наводно пребрзал. Возилото се лизнало и паднало во клисура, речиси 300 метри.
Според медиумските извештаи, Стефан живеел во Брашов, каде што студирала неговата свршеница Стефанија, две години постара од него. Тие кампувале во планините со уште неколку пријатели. Не им било прв пат да возат теренски во таа област. Веста за нивната смрт била шок за заедницата во Лерашт, каде што пораснале.
„Прекрасни деца, деца кои се сакаа, беа пријатели, беа верени, требаше да се венчаат. Заминаа претходниот ден, беа таму во шатори, наутро другата група си отиде дома и отидоа да го гледаат изгрејсонцето. Во шок сме“, рече Маријан Тоадер, градоначалник на Лерашт.
Според службата за брза помош, Костин бил на задното седиште кога автомобилот се урна во клисура.
Извор: Телеграф.рс, Фото: Илустрација
