Тешка сообраќајна несреќа – настрада мотоциклист

Млад мотоциклист настрада при судир со возило на скопска раскрсница. 

Како што информираа од полицијата вчера во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Леринска“ и ул.„Козле“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу

патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишната Е.А. и мотоцикл, управуван од Е.А.(32), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде