Утрово во скопската населба Волково се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило удрило во камион со приколка.
Од ударот автомобилот е значително оштетен, а делови од возилото останаа расфрлани на коловозот, сведочат очевидци.
Засега нема официјални информации дали има повредени лица.
Сообраќајот на овој дел од патот е целосно блокиран,
па возачите се пренасочуваат преку локалните патишта.
