Тешка сообраќајна несреќа – младо момче итно пренесено во болница

Млад мотоциклист од Велес е тешко повреден откако паднал на коловоз. 

Како што информираа од МВР, вчера во 22:15 часот во СВР Велес е пријавено дека на ул.„Васил Ѓоргов“ во Велес, К.П.(25) од Велес управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од СВР Велес. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде