Неколку автомобили горea доцна синоќа на улицата „Васил Ѓоргов“ во скопската населба Капиштец – јавува Радио Лидер.
Очевидците сведочат дека пред да го видат огнот, ги вознемирила силна експлозија по која пламнале автомобилите.
Дежурни пожарникари во моментов го гаснат пожарот.
На терен има и полиција.
Повеќе детали во текот на денешниот ден.
