Доаѓа влажен бран кон Македонија – еве кога започнуваат врнежите

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури.

Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури.

Потоа следува период на стабилно и потопло време.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде