ТРАГЕДИЈА утрово во Македонија: Возило излета од патот, возачот пронајден починат

Сообраќајна несреќа во Облешево, мерцедес излетал од коловозот, возачот пронајден починат.

Денеска(28.08.2025) во 09:43 часот во СВР Штип е пријавено дека во с.Облешево, патничко возило “мерцедес” со кочански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

Во близина на возилото бил пронајден починат возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт.

Во тек е увид, излезено е и од страна на јавен обвинител и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде