Вечерва изби голем пожар – првични информации

Голем пожар вечерва зафати зелена површина на автопатот Тетово-Скопје кај месноста Карпалак објави МКД.мк

Засега нема информации за причините за пожарот и што се е зафатено со него.

Претходно, ЦУК извести дека до 14 часот на територијата на Македонија има вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола и три се изгаснати.

Активен е пожарот во Општина Кратово, под контрола се пожарите во Македонски Брод, Гевгелија, Желино и Гази Баба, изгаснати се во општините Виница, Радовиш и Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде