Стигна предупредување – НЕВРЕМЕ во Македонија
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме,
со пообилен пороен дожд за краток временски период (над 20 литри на квадратен метар), засилен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.
Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината и појава на невреме.
