УХМР најавува пороен дожд и грмежи – еве кога започнуваат врнежите

Претежно сончево и топло време најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата наутро ќе биде од 7 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 29 до 37 степени.

И во Скопје денеска се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 13 степени наутро до 37 во текот на денот.

За утре синоптичарите најавуваат сончево време со умерена облачност претпладне, а попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Температурата  ќе биде од 27 до 35 степени.

Во недела се очекува променливо облачно време, претпладне со локален дожд и ретки грмежи и со северозападен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневната температура.

Од следната недела се најавува период на стабилно и потопло време. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде