Невреме во Македонија – УХМР утрово со најнова вест

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денесе попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 35 степени.

Наместа, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, со засилен ветер над 60 километри на час и изолирана појава на град.

Во Скопје кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во делови од котлината во форма на невреме.

На запад, во Охрид и Струга сабота ќе донесе попладневни грмежи, со посвежо утро и максимални 26°C; во недела стабилизирање и пријатни 23°C. Во Пелагонија (Битола/Прилеп) сабота е топла со попладневен грмежлив развој и околу 30°C; недела посончево и околу 26°C. Во Полошко (Тетово/Гостивар) сабота облачно и нестабилно попладне со околу 30°C, во недела делумно разведрување и околу 27°C. На исток (Штип/Струмица) сабота е многу топла со попладневен краток пoрош; недела посончева со пад на температурите од 33°C на околу 29°C.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде