Пензионерите ќе добијат повисоки пензии – еве за колку

Септемвриската пензија која ќе биде исплатена на 1. октомври ќе биде исплатена повисока за 1.000 денари.

Властите најавуваат дека оваа мерка за линеарно покачување треба да донесе олеснување за највозрасната категорија граѓани.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна истакна дека Владата е сериозно ангажирана во изготвувањето на анализите за зголемувањето и веќе се прават проценки за процентуалното зголемување, обемот на потребните средства и моделот на распределба кон сите пензионери.

„Зголемувањето ќе биде 1.000 денари во октомври, а дополнителни 1.000 денари во април.

Ова мора да се случи пред распишувањето на изборите, преку закон со скратена постапка или иницијатива од пратеници“, рече Мицкоски. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде