„Ќе те сакам бескрајно тато!“: Семејството и пријателите се простуваат од познатиот доктор

Семејството на докторот Виктор Исјановски, кој почина во Грција, со неверување, се прости од својот сопруг и татко.

Споделувајќи ја објавата, неговата ќерка Мила Исјановска напиша „Ќе те сакам бескрајно тато!“.

Емотивна порака објави и неговата сопруга Милка, која напиша „Нема живот за тебе, чекај ме љубов моја, една и единствена“.

И кошаркарот Перо Антиќ, кој ја споделил и последната фотографија со Исјановски од таверна во Грција, објави порака, со фотографија од плажа „Почивај во мир, братче мое“.

Исјановски, вечерта пред да почине бил во друштво на Антиќ и Владимир Ристов – Камењар. Дружбата била во грчка таверна и ништо не навестувало на ваква трагедија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде