Се судрија „пежо“ и „рено“ – има повредени
На 30.08.2025 во 15:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од И.Т.(46) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(52) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.
