Два трактора се судрија на локалниот пат меѓу селата Булачани и Црешево во неделата, при што со тешки повреди е хоспитализиран сопатник,
а полесно се повредени двајцата возачи и уште двајца малолетници.
На 31 август 2025 година, во 08:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Булачани – с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале трактор ‘имт’,
управуван од 35-годишниот В.Р. и трактор ‘имт’, управуван од 31-годишниот М.Р., двајцата од с.Љуботен, скопско“, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 46-годишниот сопатник Е.С. од истото село, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
