Cе запали aвтобус со 45 патници во Бугарија

Автобус регистриран во Романија, со 45 туристи, се запали на патот Варна-Бургас, во близина на селото Рудник.

Инцидентот бил пријавен околу 15:45 часот, јави „Фокус“.

Според првичните информации, пожарот започнал од задниот дел на возилото.

Сообраќајот на оваа делница бил целосно затворен во двата правци, а учесниците во сообраќајот чекаат да се отстрани возилото, бидејќи нема можност за заобиколен пат.

Сè уште нема информации за повредени, а причините за пожарот се во тек на истрага.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде