УХМР информира за нова нестабилност во Македонија.
Соред радарската слика нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер навлезе во Мариовскиот регион од територија на Грција.
Нестабилноста се движи од југ кон север., соопштија од УХМР.
За утре метеоролозите најавуваат дека на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи
локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
