Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Две лица од Берово се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Берово–Струмица, кај местото викано „Цикарски колиби“.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 3 септември 2025 година, околу 19:50 часот,

кога патничко возило „сузуки“ со беровски регистарски таблички, управувано од И.Ц. (74) од Берово, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, како и неговата сопатничка В.Ц. (74), а повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Берово, а причините за несреќата се истражуваат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде