Младо момче пронајдено мртво – телото предадено на обдукција

Младо момче пронајдено мртво – телото предадено на обдукција

Кавадарчанец синоќа бил пронајден починат во викендичка, телото е дадено на обдукција, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во 22:45 часот во ОВР – Кавадарци, И.Д., 42-годишен кавадарчанец, пријавил дека во неговата викендица на Тиквешко Езеро во Кавадарци го пронашол починат неговиот пријател С.С., на 46-годишна возраст, појаснија од СВР – Велес.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде