Регистриран земјотрес со јачина од 6,2 степени – еве каде е епицентарот

Авганистан повторно беше погоден од земјотрес, овојпат со јачина од 6,2 степени, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ)

Земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри.

Овој потрес следува по серија земјотреси од почетокот на неделава на истокот на земјата, во кои животот го загубија повеќе од 2.200 лица, а над 3.600 беа повредени.

Многу села беа целосно уништени, а десетици илјади жители останаа без свој дом.

Првиот земјотрес, со јачина од 6 степени, се смета за еден од најсмртоносните во Авганистан во последните години и предизвика огромни штети во покраините Кунар и Нангархар. И тој бил регистриран на длабочина од 10 километри.

Преживеаните останаа без кров над глава, а хуманитарните организации предупредуваат на растечкиот недостиг на ресурси.

Обединетите нации и други агенции нагласуваат дека е итно потребна храна, засолништа и медицински средства.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде