Денес се одбележуваат 16 години од кобната случка на Охридското Езеро, кога при потонувањето на пловилото „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од блиската Бугарија.
Трагичниот настан се случи на 5 септември 2009 година, во 10 часот и 30 минути.
Бродот „Илинден“, кој транспортираше 57 патници од Охрид кон Свети Наум, како резултат на техничка неисправност, преоптовареност и страв, се преврте и потона на околу 250 метри одалеченост од брегот на езерото, во близина на автокампот „Елешец“.
Осум од починатите беа жители на општина Антон, четворица на Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.
Во знак на почит кон настраданите, поставен е спомен обележје во паркот кај каналот Студенчишта.
