Драги Рашковски на граница задржан со поголема сума на пари – се огласи и Рашковски

Македонската царина при претрес на возилото го фатила екс генералниот секретар на Владата на Заев, Драги Рашкоски со поголема сума на пари, објави Лидер.мк

Во моментот е задржан на границата Богородица, додаваат од Лидер.

Инаку во прв степен, поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шестмина обвинети добија затворски казни за злоупотреби од три до осум години затвор во случајот „Софтвери“.

После информацијата се огласи и самиот Драги Рашковски. Еве што напиша на Фејсбук.

Во врска со некои натписи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција се апсолутно невистина.

Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник со извод од банка.

Ве молам како медиуми да не ширите невистини“, стои во објавата на Рашковски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде