Силен земјотрес ја стресе Србија

Земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер денеска попладне ја погоди Србија.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран во 14:43 часот по локално време.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 6 километри.

Земјотресот бил на околу 64 километри јужно од Чачак, град со над 117 илјади жители, и 14 километри северозападно од Соколовица, населено место со околу 1.000 жители.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде