Трагичната вест ја објави Карате федерацијата на Македонија.
Со длабока жалост ве известуваме дека почина др Перо Костанчев.
Карате федерацијата на Македонија изгуби признат спортски доктор, голем љубител и поддржувач на карате спортот, поранешен член и претседател на Лекарската комисија на КФМ.
Др Перо Костанчев ќе остане запаметен како искрен вљубеник во карате спортот и како човек кој со својата посветеност остави траен белег.
Искрено сочувство до неговото семејство и блиските.
