Тажна вест: Почина познатата македонска докторка

На 66 годишна возраст, рано утринава, во својот дом во Велес почина д-р Љубинка Стефкова Камчева, објави порталот Дума.мк

Како дипломиран лекар од Општа медицина Стефкова Камчева својата професионална кариера ја започна во амбулантата на поранешниот Медицински центар на Титов Велес во село Извор.

Потоа таа беше дел од лекарскиот тим на Итна медицинска помош на ЈЗУ Здравствен дом Велес се до своето пензионирање.

Нејзините колеги како и пациенти ја препознаваат како лекарка професионалец, посветена на работата, на човечноста, на хуманоста додека пријателите и по нејзината добродушност, искреност и ведар дух.

Д-р Стефкова Камчева беше сопруга, мајка на два сина и баба на четири внуци.

Посмртните останки на д-р Љубинка Стефкова Камчева ќе бидат изложени во недела, на 7 септември во црква „Свети Спас“ во 11:00 часот додека погребувањето ќе се одржи во 12:00 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде