28-годишник од Скопје е тешко повреден откако паднал од мопед.
– На 04.09.2025 околу 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Нерези-Скопје,
Д.Д.(28) од Скопје, управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
