УЖАС: Пешак загина во тешка несреќа, возачот кој го прегази е уапсен

Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – село Градец, во с.Добридол, гостиварско,

патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(30) од село Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот З.Ш.(65) од с.Добридол.

По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, околу 21:10 часот од слобода бил лишен возачот Г.Б..

Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово – ОВР Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде