Сончево и топло со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
