Вознемирувачки сцени вечерва од Србија: Жестоки судири на полицијата со демонстрантите

Вечерва во Нови Сад полицијата со силна интервенција влезе во студентскиот кампус и насилно ги растера демонстрантите на протестот „Србијо, дали се слушаме?“ Со солзавец, пендреци и со оклопни возила биле нападнати и студенти и граѓани, а дел од нив биле извадени од кампусот, јавуваат српските медиуми.

Според извештаи во живо, специјалните единици на полицијата упаднале во кампусот и почнале да ги потиснуваат собраните граѓани и студенти.

На снимки од социјалните мрежи се гледа како полицајците користат солзавец и пиротехнички средства, додека дел од студентите биле удирани со пендреци, објави српската телевизија Н1.

Новосадските студенти наведуваат дека полицијата целосно го окупирала кампусот и дека фрла шок-бомби и пиротехнички средства. Очевидци тврдат дека биле истерани и медицински тимови кои биле присутни за да пружат прва помош.

– Дваесетина полицајци истрчаа од Ректоратот и почнаа да удираат народ, без никаква најава. Потоа дојдоа и возила полни со полицајци. Тоа беше целосно непотребен напад – изјави еден од очевидците за Н1.

Новинарите известуваат дека улиците околу Филозофскиот факултет биле блокирани, а атмосферата ескалирала кога полицијата со силни кордони го опколила кампусот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде