Ова мора да го погледнете: Мајсторија на Елмас за најавни шпици (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра петтиот квалификациски дуел од тековната Мундијалска кампања против селекцијата на Лихтенштајн.

Македонија поведе во 15. Минута со голот на Елиф Елмас. И тоа каков.

„Дијамантот“ речиси сам ја совлада целата одбрана на гостите кога поведе една топка по таа негова лева страна и мина во „слалом“ тројца дефанзивци. Шутираше под голманот Букел, кој беше немоќен да стори нешто повеќе.

Македонија има тотална контрола на дуелот, поседот на топката е во огромен процент на наша страна и во моментов се оди во наша полза на овој натпревар.

Голот може да го погледнете на следниот ЛИНК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде