Тешка несреќа, малолетно момче итно пренесено во болница

На 06.09.2025 околу 20:30 часот во СВР Штип било пријавено дека  на крстосницата од ул. „Сремски фронт“ со ул. „Солидарност“ во Штип,

се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија сандеро“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(44) од Штип и мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 14-годишен малолетник од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Штип.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде