Едно лице повредено во сообраќајна несреќа кај Пехчево
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што вечерва околу 20:45 часот се случи кај месноста Крива Круша, во близина на Пехчево.
Несреќата се случила кога едно возило се превртело од патот кај споменатата месност. Повреденото лице било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово, по што со брза интервенција е пренесено од екипа на Итна медицинска помош.
Сообраќајот на овој потег во моментов се одвива со наизменично пропуштање на возилата, под контрола на сообраќајната полиција.
Од полицијата најавија дека повеќе детали за несреќата ќе бидат соопштени во текот на вечерта.
Извор: Делчево 365
