Страотна сообраќајка помеѓу трактор и автомобил

Вчера во 19:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип – Плачковица, во атар на село Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ со приколка,

без регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(59) од село Кучица, општина Карбинци и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(73) од село Аргулица, општина Карбинци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.М., а со телесни повреди се здобил Б.М., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде