Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај клучката Маврово кон Гостивар, во која учествувале осум возила – четири мотоцикли и четири патнички автомобили.
Според првичните информации од полицијата, најмалку пет лица се повредени.
Несреќата била пријавена нешто пред 16 часот во ОВР Гостивар, на терен интервенирале екипи на итната помош и пожарната.
До сега се пријавени пет повредени лица.
Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта – се наведува во соопштението на МВР.
На магистралниот пат во текот на денот беше регистран засилен сообраќај поради празничниот ден.
