За денеска најавени врнежи од дожд – еве во кои делови од Македонија

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Максималните дневни температури ќе се движат од 25 до 34 степени Целзиусови.

Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 34 степени.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и температури до 35 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде