Тешка сообраќајка: Возило излета од патот – младо момче итно пренесено во болница

Млад возач кој управувал возило без возачка дозвола излетал од пат при што е тешко повреден. 

– На 08.09.2025 во 19:49 часот во ОВР Берово било пријавено дека на патот Пехчево-Делчево, на место викано „Крива Круша“,

патничко возило „цитроен“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од А.П.(27) од Пехчево, кој немал возачка дозвола, излетало надвор од коловозот, информираа од полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде