Уште една трагедија во Македонија: Маж загина на работното место

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во фабрика во која вчера загина 38-годишен кинески државјанин.

Според првичните сознанија, тој пристигнал во земјава кон крајот на август, но постојат сомненија дека иако се уште не му бил регулиран престојот и работниот однос, сепак веќе бил ангажиран на извршување работни задачи во фабриката.

Притоа, бил притиснат од кран на висока платформа и му биле нанесени тешки телесни повреди од кои починал, информираа од ЈО. 

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби со цел да испита евентуални тешки дела против општата сигурност.

Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, прибавена е целокупната документација за изведувањето на работите, а ќе се врши машинско вештачење на кранот и испитување на почитувањето на прописите од областа на заштитата при работа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде