Нов земјотрес го стресе регионот – еве каде е епицентарот

Рано утрово земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер ја погоди грчкиот остров Аморгос,

предизвикувајќи страв кај локалното население и оживувајќи сеќавања на силната сеизмичка активност што го погоди регионот во февруари годинава.

Според Атинскиот институт за геодинамика, земјотресот имал епицентар 14 километри југозападно од Аркесини на Аморгос и длабочина од 10,8 километри.

Потресот бил почувствуван и на Аморгос и на соседниот Санторини и е поврзан со истата раседна линија одговорна за серијата земјотреси од февруари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде