Мојсоска: Почивај во мир невина Росица, жал ми е што оние кои беа должни да те спасат – те убија

*Фејсбук објава на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска

Некомпетентните кадри убиваат, корупцијата убива, “скриј ја пријавата во фиока” убива, бруталната партизација на институциите убива!

Цели 10 МЕСЕЦИ траел институционалниот хорор на младата Росица, која уште во декември 2024 година го пријавила убиецот. Следело закани дека ќе ја “убие ако не е негова”, тепање и физичко малтретирање, палење возило на нејзиниот татко, шкртање графити со навредлива содржина. Цели 10 месеци МВР, ОЈО, СУДОВИ БИЛЕ НЕМИ СОУЧЕСНИЦИ ВО ДВОЈНО УБИСТВО! Дури во септември убиецот (против кој има низа пријави) е условно осуден.

Во држава која има најголем број ПОЛИЦАЈЦИ по глава на жител, жените имаат нула заштита и секоја една од нас е потенцијална жртва!

МВР го претворивте во партиска гласачка машинерија, набутавте клатоглавци, багабонти и лепачи на плакати (со ретки исклучоци). Во одговор на пратеничко прашање, министерот ТОШКОВСКИ ми потврди дека Одделот за внатрешна контрола НЕМА СПРОВЕДЕНО НИТУ ЕДЕН ТЕСТ за професионален интегритет! Изговорот: нема набавено опрема, нема систематизирано сектор, нема обучени кадри. Ама има за службени возила и партиски предизборни вработувања!

Владејачкото мнозинство три месеци најавува измени на Кривичниот законик (кои пред една година ги одбија затоа што се поднесени од Левица). Измените уште не се поднесени до Собранието, затоа што власта на ДПМНЕ не чувствува ниту морална обврска да испрати порака дека секој живот е важен и неприкосновен.

Почивај во мир невина Росица, жал ми е што оние кои беа должни да те спасат – те убија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде