Велешани во шок и неверување по вчерашната трагедија и убиството на младата Росица

Во Велес се случи шокантно двојно убиство и самоубиство, кое ја потресе јавноста.

Жртви се поранешната партнерка на убиецот, Р.К. (31), и нејзиниот татко, К.К. (74).

Двојката била пронајдена со повреди од остар предмет, додека 39-годишниот убиец, И.С. од Скопје, кој претходно имал сериозни закани кон жртвите, сам си го одзел животот со истиот нож.

Според официјалното соопштение на СВР Велес, жената била пронајдена пред својот дом, а потоа полицијата ја пронашла и жртвата во домот на нејзиниот татко.

Само неколку часа пред да се случи настанот, Росица К. која е една од жртвите, била излезена во градот.

За ВИКИМЕДИА велешани кои ја сретнале, велат дека се во шок од веста и ја дочекале со неверување.

Фото: Викимедиа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде