Полицијата во акција – апсење на повеќе локации

Денеска (17.09.2025) во 04:40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.В.(39) од Скопје затоа што кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја и марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (17.09.2025) во 02:40 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.Р.(34) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 16.09.2025 во 18:50 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници ја привеле С.А.Е.(60) од Република Турција. При гранична контрола е констатирано дека таа била со активна мерка „забрана за влез во државата“. По насока на судија од Основен кривичен суд Скопје е сместена во Прифатниот центар за странци Скопје за понатамошна постапка.

На 16.09.2025 во 21:00 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа С.Ј.(37) од Гостивар. Тој беше баран со судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста“. Лицето е спроведено Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде