Вечерва тешка сообраќајка – првични информации

 Сообраќајна незгода се случи вечерва, нешто по 21:30 часот на улицата „Македонски просветители“, на потегот кај кружниот тек кај поранешна „Охридска банка“, објави Охрид Прес.

Неофицијално, во незгодата е повреден мотоциклист, кој управувал мотор со скопски регистерски ознаки. До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до незгодата.

На лице место е извршен убид од страна на екипа на СВР Охрид, а возачот е пренесен во болница.

Повеќе детали во текот на утрешниот ден. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде