Малолетничка е тешко повредена откако со мотоцикл излетала од пат во битолско.
– На 17.09.2025 во 20:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола–с.Маково, мотоцикл управуван од 14-годишна малолетничка од с.Новаци, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Битола, известија од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
