Утринава околу 06:00 часот на регионалниот пат Велес–Градско, на околу 100 метри по селото Ногаевци, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила – „голф“ и „форд“ – и трактор без регистарски ознаки, објави Скопје1.
Како што објави Скопје1, во несреќата повредени се возачот на тракторот и сопатник од „голфот“, кои веднаш биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Велес.
Поради увидот, патниот сообраќај на оваа делница беше во прекин од 06:25 до 08:20 часот, информираа од Министерството за внатрешни работи.
