На 21-ви септември 2025 година, во 21:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид,
се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 69-годишно лице од Охрид и мопед „Априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 18-годишник од охридското село Лескоец.
– Возачот на мопедот „Априлија“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид, информираат од МВР.
