На социјалните мрежи се појави наводна порака од убиената Росица до министерот Тошковски

„Се надевам дека пишувам на правилно место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација…

Човекот кој од декември па наваму ме демне, ме тепа и нанесува друг вид на насиство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода!“, пишува во пораката која е објавена на социјалните мрежи, а е наводно напишана од убиената Росица К. која се обратила лично кај министерот Панче Тошковски пред речиси 5 месеци.

Најшокантниот дел од пораката содржи тврдење за директен пропуст на институциите:
„Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин“.

Во текстот се наведени и броеви на предмети во ОЈО Скопје и Основниот суд Велес, со име на јавен обвинител, што се поклопува со веќе објавените информации за историјата на насилство што го трпела жртвата.

Пораката завршува со зборовите: „Очајно ве молам за помош“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде