Две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи синоќа на раскрсницата кај „Охрид мол“, oбјави Охрид 1.
Во несреќата учествувале патничко возило „Ауди“ и моторциклист.
Според првичните информации, еден од возачите на моторцикл удрил со глава во шофершајбната на автомобилот, при што двата патници на моторот биле сериозно повредени, делумно поради тоа што не носеле заштитни кациги.
Повредените веднаш биле префрлени во болница, а полицијата го расчистува случајот и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат заштитна опрема за сопствена безбедност.
