Се појавија првите снимки: Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени – еве каде е епицентарот

Северозападниот дел на Венецуела беше погоден од земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер,

соопшти Американскиот геолошки завод, додека Европскиот медитерански сеизмолошки центар го процени на 6,3 степени.

Епицентарот бил 24 километри источно-североисточно од Мене Гранде, на источниот брег на езерото Маракаибо, важен регион за венецуелската нафтена индустрија.

Потресот се почувствувал и во соседна Колумбија, предизвикувајќи евакуација на жители и деловни објекти.

Министерот за комуникации, Фреди Нанџез, извести дека по главниот земјотрес се регистрирани два послаби потреси со јачина 3,9 и 5,4 степени.

Државната телевизија продолжи со емитување, вклучително и научниот сегмент воден од претседателот Николас Мадуро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде